Од денеска ледени утра, но поголеми дневни температури

Сподели со своите пријатели

Наутро ќе имаме постудено време, со слаб до умерен северен ветер поинтензивен долж Повардарието. Со минимални температури во интервал од 3 до 8 степени, а максималните дневни од 12 до 17 степени целзиусови, информираат од УХМР.

Loading...

Кумановци денеска се разбудија на температура 1 степен над нулата и со умерен на места до засилен северозападен ветер кој на моменти достигнуваше и до 30 километри на час. Во текот на денот ветерот ќе се задржи, што на некој начин ќе ги направи оние 14 максимални степени да се чувствуваат како неколку степени пониски.

Од денес следува период на стабилно и суво време, утрата ќе бидат релативно студени, а дневната температура во деновите на викендот постепено ќе расте и во деновите потоа ќе се задржи во интервал претежно од 15 до 20 степени во текот на целата работна недела.

Извор: УХМР/accuweather