Од денес започнува зимскиот распуст

Сподели со своите пријатели

Основците и средношколците од денес започнуваат со зимскиот распуст кој ќе трае до 21 јануари, кога ќе продолжи наставата во второто полугодие.

Околу 270.000 ученици од целата држава, а 17 илјади од Општина Куманово денеска го имаат првиот слободен ден од својот зимски распуст, кој и покрај барањата на одредени институции и невладини организации да започне порани, поради загадениот воздух, сепак започнува денес и ќе трае до јануари, иако имаше барање да трае се додека не се стабилизира загадувањето на воздухот.