Од денес започнува серија дождливи денови

Сподели со своите пријатели

Облачно и студено беше рано утринава, а на повисоките места и планинските превои имаше ниска облачност и магла со намалена видливост. Дува слаб  ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Што се однесува на времето во текот на денешниот ден, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи претежно од дожд, а само на планините од снег. Повеќе ќе бидат застапени во крајните западни делови на Република Македонија, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 2 до 7 степени.

Утринската температура во Куманово според УХМР изнесуваше -6 степени целзиусови, додека во текот на денот истата ќе се искачи само до вториот степен во позитива, според информациите на порталот за временска прогноза accuweather.

Во текот на денот ќе биде пблачно со повремени врнежи од дожд, додека само на повисоките ридско-планински предели од снег. Во текот на вечерните часови температурата ќе се спушти три степени под нулата при што според порталот, можеме да очекуваме замрзнат дожд.

Loading...

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи претежно од дожд, а само на планините ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекуваат во западните делови, каде ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка, додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.