Од денес пораст на дневните температури

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб западен ветер во западниот регион, додека во повардарието и источниот крај ќе дува исто така слаб ветер, но од северен правец, пишува порталот МетеоПро.

ВторВреник ќе биде сончев и топол ден. Ќе дува слаб западен ветер во западниот регион, а долж повардарието и источниот крај ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 24 до 27 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околината денес ќе имаме претежно сончево време, со многу мала облачност и температура до 22 степени.

Во наредните денови следува зголемување на дневните температури и многу сонце, освен во четврток кога е можна мала дестабилизација со врнежи и грмежи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.