Од денес пеколни температури во Преспа – од утре цела Македонија

Сподели со своите пријатели

Охридско-преспанскиот регион од денес ќе биде зафатен со топлотен бран од жолта (алертна) фаза, додека во следните неколку дена – од недела до вторник, се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температури до 40 степени Целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, информираат од Министерството за здравство.

Loading...

Метеоролошката промена во сабота, споредено со петок, ќе се однесува само на температтурата, која ќе биде повисока. Времето останува сончево.

Максималната температура н ќе достигне врдности за нијанса под 40°С во повардарскиот и кугоисточниот крај, околу 34°С во пелагонија и околу 32°С во охридско-преспанскиот крај.

УВ индекс: 9, а н планините и покрај езерата 10.

Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.