Од денес – нови цени на одредени брендови цигари

Сподели со своите пријатели

Од денес, на сила се нови цени на одредени брендови цигари, достапни на пазарот во Република Македонија. Ценовникот го објави порталот Пулс 24.

Loading...

Според календарот за зголемување на акцизата за цигарите, на 1 јули 2015 година цигарите поскапеа за 0,15 денари по парче или по 3 денари за кутија.

За околу 3 денари за кутија ќе се зголемува цената на цигарите се до 1 јули 2016, а потоа, во следните 7 години, секоја година цигарите ќе поскапуваат по окoлу 4 денари за кутија.

Кутијата која сега чини 60 денари, догодина ќе чини 63 денари, а во 2023 година би чинела 94 денари.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.