Од денес Македонија под влијание на потопла и сува воздушна маса

Сподели со своите пријатели

Денеска можеме да очекуваме еден сончев и релативно топол ноемвриски ден со мало и незначително заоблачување кон крајот на денот, јавува порталот метеопро.мк.

Loading...

Што се однесува до утринските температури веќе ширум земјата ќе бидат длабоко под нулата, па така минималните вредности за денес ќе бидат во интервал од -5°С до 1°С.

Но, од друга страна максималната температура ќе достигне и до 20 степени целзиусови во гевгелискиот регион, додека во останатите делови од 15 до 18 степени целзиусови.

Како што известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи подрачјето на Република Македонија и понатаму останува во поле на зголемен воздушен притисок, што ќеуслови во текот на следнава недела времето да биде претежно сончево.

Од денесќе бидеме под влијание на потопла, но сува воздушна маса, па температурите ќе бележат пораст, а условите за појава на утринска магла ќе бидат мали.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.