Од денес благ пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека максималните дневни температурни вреднсоти ќе бидат во интервал од 24 до 31 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 26 степени целзиусови.

Температурата побрзо ќе се покачи на крајот од работната недела и во целиов период ветерот ќе биде северен.

 

Loading...