Од четврток значителна промена на времето

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со со мала до умерена локална облачност и со слб до умерен ветер претежно од југоисточен и југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната од 26 до 32 степена.

Во четврток ќе настапи значително наоблачување и ќе има повремени врнежи од дожд. На места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и во текот на ноќта кон петок.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Leave a Reply