Од четврток пад на температурите и до 12 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и умерен југозпаден ветер, повеќе изразен во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 15 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 35 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно, но претежно топло време. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени целзиусови, а ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи. В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд и умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне и тоа за 10 до 12 степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.