Од Африка кон Европа се движи застрашувачки топлотен бран, во Тунис измерени 49 степени

Сподели со своите пријатели

Застрашувачки топлотен бран се шири од Северна Африка до јужна Европа, напиша синоќа на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

Loading...

Имено, како што изјави Данкан, вчера во главниот град на Тунис била измерена температура од вртоглави 49 степени Целзиусови, што го собори рекордот.

Просечната температура во Тунис е околу 30 степени во август, а вчера беше соборен рекордот од јули 1943 година, кога беа измерени 47,4 степени.

– Ова е само почеток на страшниот топлотен бран, напиша тој, додавајќи дека вчера на Сицилија била измерена температура од дури 47 степени.

 

 

 

Loading...

Скот Данкан пишува дека следува заштрашувачки топлотен удар во Шпанија.

Скот Данкан е шкотски метеоролог кој живее и работи во Лондон. Работел во различни сегменти на метеоролошката индустрија, а во последно време подготвува временски прогнози и анализи за пазарот на електрична енергија со голем акцент на обновливите извори на енергија во Европа.

Се посветува се поголемо внимание на подобрувањето на обезбедувањето информации за клучните метеоролошки и климатски настани за оние надвор од научната заедница. Го следат 48.000 луѓе на Твитер.