Од 126 склопени бракови во Куманово, 18 се веќе разведени

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.9% и изнесува 5 584 живородени деца.

Loading...

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2015 година бележи зголемување од 11.9% во споредба со  истото тримесечје од 2014 година и изнесува 5 909 лице, а од нив 55 се умрени доенчиња.

Во Куманово, во текот на првото тромесечје од 2015 година, родени се вкупно 274 лица, додека во истата година починале 331 лице од кои три се новороденчиња, со -57 природен пораст.

Природниот прираст на ниво на Македонија изнесува -325 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од
бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 5.2 % во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 2 463 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 4.3% во споредба со истиот период од 2014 година и нивниот број изнесува 551.

Во Куманово, склучени се вкупно 126 бракови, од кои 18 се разведени.

Leave a Reply