Од 12 мај не е потребна вакцина за патување во САД

Сподели со своите пријатели

Указот на американскиот претседател Џозеф Бајден, со кој се укина условот дека странските државјани кои доаѓаат во САД мора да се вакцинираат против коронавирусот, ќе стапи на сила во петок, 12 мај, една минута по полноќ.

Loading...

Бајден во вторникот ја откажа и мерката за задолжителна вакцинација на државните службеници и работниците кои работат за сојузната влада со договор, објави Гласот на Америка.

Наредбата на Бајден стапува на сила една минута по полноќ на 12 мај, кога истекува итната состојба во јавното здравство наметната од пандемијата Ковид.

Регулативата за задолжителна вакцинација на околу 3,5 милиони вработени во федералната влада, донесена во септември 2021 година, не се спроведува повеќе од една година поради низа судски пресуди.

Минатата недела Белата куќа објави план за ставање крај на мерките воведени во борбата против коронавирусот.