Очув во Германија ја убил својата 7-годишна поќерка

Сподели со своите пријатели

Вчера во германскиот град Улм, 40-годишен маж со нож ја убил 7-годишната ќерка на својата партнерка.

Loading...

Тамошната полиција соопшти дека самиот маж се јавил во полиција во понеделникот на Велигден и рекол дека го убил девојчето во теренот на училишниот центар во областа Виблинген.

Полицијата веднаш излегла на местото на злосторството и таму затекнала 40-годишен маж.

Полицајците го привеле мажот и го однеле во полициска станица, а вештаците од вештачење во вечерните часови го затвориле местото на злосторството.

Германските медиуми пишуваат дека се уште е нејасна позадината на злосторството, а полицијата сѐ уште истражува.

Според полицијата, а согласно моменталната состојба на истрагата, се работи за „чин внатре во семејството“ и немало никаква опасност за околното население.

Најпрво медиумите објавија дека убиецот е таткото на девојчето, но портпаролот на полицијата утринава за германски RTL изјави дека тоа е партнерот на мајката.