Очното одделение од кумановската болница со 60 термини неделно за прегледи на првоодделнците

Сподели со своите пријатели

Очното одделение од кумановската болница има по 60 термини неделно за прегледи на децата кои ќе годинава ќе тргнат во прво одделение, информираа денеска надлежните од Одделението.

Loading...

Термините се обезбедени преку Министерството за здравство и ниту едно дете нема да остане непрегледано, велат офталмолозите. Тие апелираат родителите да сфатат дека овој преглед е значаен за децата и да не го доживуваат како обврска која единствено мора да ја исполнат за да го запишат детето на училиште.

– Родителите се недоволно информирани, зошто е важен офаталмолошкиот преглед. Многу од родителите доаѓаат, бидејќи им треба уште еден документ за да си го запишат детето на училиште, некои негодуваат, затоа што не ја разбираат суштината. Офталмолошкиот преглед е многу важен момент. Има заинтересираност затоа што тоа е веќе законска обврска, им треба за да се запишат во прво одделение. Ние навистина сакаме да излеземе во пресрет и да ги прегледаме сите деца, но, бараме разбирање од родителите. Добивме 60 термини неделно, ги закажуваме дечињата и ќе ги завршиме сите до 1 септември-изјави д-р Елизабета Спасиќ, офталмолог од кумановската болница.

При ваквите прегледи, појаснува Спасиќ се открива амблиопија или слабовидност, како еден од факторите за намалена видна острина кај популацијата. На светско ниво таа бројка се движи и до пет проценти кај населението и од досегашните прегледи кај децата е сличен процент на откриеност.

– Амблиопијата може да биде на двете очи со различен степен, или на едно око, најчесто на едно око. Постојат неколку вида во зависност од причината. Најчесто амблиопијата е нешто што не може да се забележи во секојдневната пракса. Тоа се луѓе кои секојдневно, нормално функционираат, без оглед што кај нив недостасува стереовидот што велиме, без длабинскиот вид, сепак тие нормално функционираат, лимитирани се во некои професии, меѓутоа тоа како околина не може да се забележи. Најважно за амблиопијата е навремена детекција, преглед до петгодишна возраст, појаснува Спасиќ.

Претходно, офталмолозите на различен начин се обидуваа да ја доближат проблематика до родителите, образованието, преку едукативни емисии, скрининзи во градинките, но, не сите деца беа опфатени.

– Затоа е битно и е многу добро што се воведе таа законска регулатива сите дечиња да бидат прегледани од офталмолог. Третманот на амблиопијата, најмногу зависи од раната детекција. Ако навремено се дијагностицира тогаш до седумгодишна возраст има период кога може да се третира, вели Спасиќ.

За упис во прво одделение потребно е потврда од офталмолог, меѓутоа прегледот може да биде завршен до први септември.

Loading...

Leave a Reply