Очите на овој пајак и натаму светат, иако угинал пред 110 милиони години

Сподели со своите пријатели

Во Кореја се откриени фосилизирани остатоци од неколку пајаци стари 110 милиони години, а на големо воодушевување на научниците, нивните очи и натаму рефлектираат светлина.

Loading...

Инсектите и арахниди (пајаковидни членконоги), кои се многу послаби од морските, ретко остануваат сочувани во камења, па тоа е доволна причина за задоволството на научниците. Очите, кои и натаму светат благодарение на единствената структура и форма, само се уште една причина повеќе.

Специфичната структура на очите, т.н. тапетум, овозможува на животните да ловат во темница.

– Ова е прв пат ај фосили да откриеме тапетум, кој во овој случај има форма на канадскиот кану, се наведува во соопштението на Пол Селден, директор на Палеонтолошкиот институт при Институтот за биодиверзитет и Природниот музеј при Универзитетот Канзас.

Истата структура на око денеск ја имаат вучјите пајаци  „Lycosidae“, додал Селден.

И натаму останува мистерија како пајаците останале сочувани. Нивните скаменети тела се пронајдени во слој карпи во кои се наоѓале остатоци од риби и други морски животни, но пајаците не живеат во вода.

– Мора да се случило нешто исклучително и поради тоа да завршиле на дното од морето. Би било нормално да лебдат, но вие целосно се сочувани од распаѓањето, рекол Селден.

Leave a Reply