Обвинителството тврди дека се отплеткува случајот со ”Диво насеље”

Сподели со своите пријатели

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава кој се случи кај кумановско Диво насеље, прибра дел од доказите, се вели во писменото објавено соопштение на Обвинителството.

Loading...

Според соопштението, Обвинителството ја завршило и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош.

Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање на докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид.

Надлежното обвинителство продолжува континуирано со преземање на дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите.

Во тек е сослушување на сведоци и осомничени во предметот, се вели во соопштението на ОЈО.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.