Обвинетиот за смртта на малиот Алмир ќе одговара за делото „несреќен случај со смртни последици“

Сподели со своите пријатели

Пратеникот Реџеп Мемеди на денешните пратенички прашања во Собранието го праша републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, дали е направена преквалификација на кривичното дел за случајот во кој почина малиот Алмир во Куманово, односно дали наместо за кривичното дело „убиство“ обвинетиот ќе се гони за „несреќен случај со смртни последици“, јавува порталот А1он.мк.

„Да, пред да пред да бидам именуван за републички јавен обвинител, во Вишото јавно обвинителство е направена преквалификација на делото, но сепак сега случајот повторно е во постапка, односно почна од почеток, и ќе се постапи согласно закон“, одговори Јовески на прашањето на Мемеди. Тој рече дека за овој предмет е одржана една главна расправа.

Loading...

Прегазувањето на четиригодишниот Алмир се случи на 25 јуни 2016 година, поради банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и Бобан. Во обид да избега од напаѓачите, Бобан со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето. Семејството Алиу побара максимална казна за Бобан. Тој пак тврди дека е жртва во пресметката. На таткото на Алмир, Сеад Алиу и на уште двајца негови роднини за насилство.

Извор: А10н.мк


Leave a Reply