Обраќање на Путин на годишната прес-конференција

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се обрати на големата прес-конференција, која традиционално ја одржува на крајот на секоја година.

Loading...

Сепак, оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, настанот ќе се одржи преку видео врска, јави агенцијата ТАСС.

Вкупно 774 новинари беа акредитирани за конференцијата, а главните руски ТВ-канали резервираа три часа за да го емитуваат настанот.

Домашните и странските новинари ќе бидат сместени во Меѓународниот трговски центар во Москва, а ќе бидат вкупно 237.

Конференцијата ќе започне на пладне по московско време, а Путин ќе остане во својата резиденција во Ново-Огариово, каде што е поставен голем видео бим.

Првата конференција се одржа во 2001 година и траеше 95 минути, а најдолгата беше во 2008 година, која траеше четири часа и 40 минути.

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply