По обработените 98,61 отсто од гласовите на вчерашниот референдум, вкупно 91,48% од граѓаните се изјасниле „ЗА“ на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, 5,64 отсто биле против, а неважечки се 2,88 отсто од ливчињата.
На изјаснување излегле 36,87 отсто од населението на Македонија.