Облачно време со услови за дожд на север

Сподели со своите пријатели

Послаби врнежи од дожд во раните утрински часови може да бидат очекувани само на крајниот планински дел од западот на државата, додека во попладневните часови повремен слаб дожд ќе има локално во северната половина на Македонија, пишува порталот МетеоПро.мк.

Врнежи во попладневните часови можат да се очекуваат и на повисокиот регион на истокот како и на планините долж јужната граница. На надморска височина над 1.300 метри врнежите е можно да бидат од снег, но без потенцијали за снежни покривки.

Во утринските часови низ целата држава преовладуваат температури во позитива, а дневните максимални во интервал од 10 до 14 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд, проследен со многу слаби налети на ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 10-от степен, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти на нула степени целзиусови и ќе започне постепено разведрување.

За време на викендот ќе биде стабилно и потопло, но утринските температури ќе се блиски до нула, а понекаде и степен два под нулата. Во недела и понеделник ќе дува повремено засилен јужен ветер. Од понеделник вечер и ноќта кон вторник ќе настапи нов влажен бран проследен со врнежи од дожд.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.