Облачно со врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Умерено до значително облачно беше времето во текот на ноќта и рано утринава, а по одделни котлини магливо. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време, попладне со врнежи од дожд претежно во западните делови.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 дo 15 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисток, а максималната температура ќе достигне 11 степени.

Leave a Reply