Облачно со врнежи од дожд и посвежо

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта беше облачно, а утрово на повеќе места со врнежи од дожд, а на планините од снег. Дува слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне во поголем дел од земјава со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 7 степени.

Leave a Reply