Облачно со утринска магла и слаб ветер

Сподели со своите пријатели

Времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од јужен правец. По котлините претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната од 7 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум се очекува да достигне девет степени целзиусови.

Leave a Reply