Облачно, но стабилно време со температури до 15 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне околу 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и во текот на целата работна недела.

Никола Ивановски