Облачно, локално дожд, на планините снег

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од осум до 13 степени.

Во Скопје слично време, преку денот претежно облачно. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до девет степени.

Од понеделник следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Температурите дополнително ќе опаднат за уште неколку степени. /МИА


Leave a Reply