Облачно и свежо време

Сподели со своите пријатели

Утринава се задржа претежно облачно, во крајниот југоисточен дел на земјава имаше слаб локален дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно и свежо, во утринските часови со слаби локални врнежи од дожд, особено во југоисточниот дел од земјава.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Leave a Reply