Облачно и студено со врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта, ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од минус три до два степена.

Во Скопје исто така облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне. Температурата ќе биде во интервал од -2 до 0 степени.

Во следните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови значително заладување и повремени врнежи од снег. Утре во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Од овие врнежи  насекаде ќе се формира снежна покривка на пониските места околу 10-15 см, а на планините покривката ќе се зголеми и за над 30 см.

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда. До четврток температурите ќе бидат во опаѓање и ќе се значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта кон изутрина, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени. Од петок температурата ќе биде во пораст./МИА

Leave a Reply