Објавени се фирмите кои зеле државна помош, а не исплатиле плати на вработените

Сподели со своите пријатели

Владата го објави списикот на сите фирми, кои зеле државна помош, а потоа ја злоупотребиле и не ги исплатиле вработените.

Loading...

На овој список се компании од повеќе градови, но најчесто се со седиште во Тетово, Струга, Куманово и Скопје.

Целиот список на следниот линк

Неделава од Управата за јавни приходи обелоденија дека сопствениците на 708 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Околу 3.750 компании, пак, им исплатиле на вработените помалку од минималецот.

Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.

Leave a Reply