Објавени првите резултати од референдумот во Украина

Сподели со своите пријатели

Проруските власти на четирите украински провинции под руски надзор објавија дека според првите резултати од референдумот 96 отсто од гласачите гласале за приклучување кон Русија, пренесуваат руските агенции.

Loading...

Властите на секој од четирите региони – Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје – потврдија дека меѓу 96 и 98 отсто од гласачите гласале „за“ припојување кон Русија на референдумите, кои меѓународната заедница ги нарече „лакридија“.

Податоците за толку високи гласови за анексија се засноваат на 20 до 27 проценти од гласовите, пренесуваат агенциите Риа Новости, Тасс и Интерфакс.

Ова се резултатите по региони: 97% во Херсон, 98% во Запорожје, 98% во Доњецк и 98% во Луганск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грузија ќе заврши како Украина или Белорусија

Последниот ден од референдумот

Вторник беше последниот ден од референдумот во четирите наведени региони во источна Украина, што меѓународната заедница, особено западните земји, го нарече кршење на украинските закони и меѓународното право без минимум демократски стандарди.

Западните медиуми проценуваат дека поддршката за приклучување кон Русија ќе изнесува околу 80 до 90 проценти.

После тоа, сепаратистите треба да поднесат официјално барање до рускиот претседател Владимир Путин за приклучување на територијата на Русија.

Кремљ јасно стави до знаење дека тоа може да се случи брзо.

Loading...

Руските сили во голема мера ја контролираат територијата на четири региони, кои сочинуваат околу 15 отсто од Украина или област приближно со големина на Португалија, додека Крим, анектиран во 2014 година, е со големина на Белгија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц се врати од Украина, па го фрли во очај целиот западен свет

Парламентот на руската Дума би можел да ја официјализира анексијата во следните неколку дена.