Објавени нови бројки, 8.700 луѓе загинаа во земјотресите во Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 8.700 луѓе загинаа во Турција и Сирија како резултат на двата разорни земјотреси во понеделникот, а се стравува дека бројот драстично ќе се зголеми.

Loading...

Бројот на загинати во Турција се искачи на 6.234, покажуваат податоците на агенцијата за управување со катастрофи во земјата.

Тешко е да се потврди билансот во Сирија, но нејзините државни медиуми и спасувачката служба, која оперира во северозападниот дел на бунтовниците, велат дека бројот на загинати надмина 2.500.

Спасувачката група „Бели шлемови“, која дејствува во областа под контрола на бунтовниците, на Твитер објави дека бројот на жртви во тие области надминал 1.280 и дека има повеќе од 2.600 повредени.

„Бројот се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се под урнатините повеќе од 50 часа по земјотресот“, објавија Белите шлемови.

Дел од помошта пристигнува во Сирија, но пристапот е ограничен поради оштетените патишта

Повеќе од 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од оваа катастрофа.

Вработените во итната помош поминаа уште една студена ноќ во очајна трка со времето за да ги спасат луѓето затрупани под урнатините откако илјадници згради се урнаа.

Роднините на жртвите вооружени со краци и столбови се приклучија на избезумените спасувачки напори во еден од најтешко погодените градови во Турција, додека вознемирените семејства се пожалија дека на спасувачките служби им треба премногу долго за да реагираат во некои области.

Loading...

Претседателот Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во Турција во 10-те најпогодени провинции.

Земјите ширум светот испраќаат помош – специјализирани тимови, кучиња трагачи и опрема.

Дел од меѓународната помош пристигнува во Сирија, но пристапот е ограничен поради оштетените патишта.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.