Објавена снимка од падот на авионот со над 130 патници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Авион на China Eastern Airlines со 132 лица се урна во југозападна Кина, соопшти кинеската управа за цивилно воздухопловство.

Loading...

Кинеската администрација објави дека во авионот имало 123 патници и девет членови на екипажот, поправајќи ги претходните извештаи според кои во авионот имало 133 лица.

Боинг-737 се урна во близина на градот Вуџу и предизвика пожар во планините, јави јавната телевизија CCTV.

Според локалните медиуми, авионот MU5735 на компанијата „China Eastern Airlines“ полетал нешто по 13 часот по локално време (6.00 часот по средноевропско време) од југозападниот град Кунминг. Тој одлетал во јужниот град Кантон, оддалечен околу 1.300 километри.

Авионот изгубил контакт над градот Вуџу, во планинската област Гангкси, соопшти кинеската управа за цивилно воздухопловство.

 

 

Loading...

„Потврдено е дека авионот се урнал“, се вели во кусото соопштение и се додава дека на местото на несреќата е испратена „работна група“.

Несреќата предизвикала пожар на планината, јави јавната телевизија ЦЦ, наведувајќи дека на местото се испратени спасувачките екипи.

Од Управата за цивилно воздухопловство соопштија дека на местото на несреќата е испратена службена екипа, а противпожарната служба соопшти дека работи на сузбивање на планинскиот пожар предизвикан од несреќата.

Сателитските снимки на НАСА покажуваат голем пожар во областа каде што се урнал авионот, пренесува агенцијата АП.

Засега нема коментари од China Eastern. Таа е една од трите водечки кинески авиокомпании кои оперираат десетици домашни и меѓународни линии до 248 дестинации.

 

 

Loading...

Авионските несреќи се релативно ретки во Кина, земја во која воздушниот сообраќај е високо развиен во последните децении и каде безбедносните мерки се многу строги.

Последната голема несреќа се случи во август 2010 година, кога загинаа речиси 50 луѓе.

Авион на China Eastern Airlines нурна пред да удри во рид и да експлодира во близина на градот Вужоу во округот Тенг во јужната провинција Гуангкси.

Спасувачите веднаш излегле на местото на настанот, но засега нема потврда за бројот на загинати и повредени во страшната несреќа.

На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од надзорни камери, на која наводно се гледа како авионот вертикално брза кон земјата во моментите пред ударот.

Се верува дека авионот, со број на летот MU5735 од Кунминг до Гуангжу, е Боинг 737-89P, кој не е дел од серијата MAX која е придружена со проблеми во последните години.

Во меѓувреме се објавени снимки и фотографии од остатоците од авионот.

 

Loading...