Објавена е програмата за посетата на Папата Франциск во Македонија

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска, 7 март 2019 година ја објави програмата за посетата на Папата Франциск во Македонија, при што ќе го посети Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза.

Loading...

Предвидено е на 7 мај наутро Светиот Отец да пристигне во Северна Македонија.

По официјалниот пречек, Папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор.

За време на својот престој во земјава, Папата ќе се сретне со верските лидери и со сиромашни лица.

Во програмата за апостолското патување на Папата Франциск во Македонија предвидено е Светиот Отец да служи света Литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади.

Папата Франицск, своето 29-то апостолско патување ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај, одржувајќи средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица, а потоа ќе се врати во Рим.

Претходно Светиот Отец ќе ја посети Република Бугарија и градовите Софија и Раковски.

Leave a Reply