Објавен е трејлерот за новиот филм на Квентин Тарантино (видео)

Сподели со своите пријатели

По долго исчекување и тизери кои наводно случајно се нашле на интернет, објавен е службениот трејлер за новиот филм на Квентин Тарантино насловен како  “The Hateful Eight”.

Loading...

Трејлерот беше објавен денес на официјалниот канал The Weinstein Company, а кино премиера на филмот е најавена за католички Божик, и тоа само во одбрани кино сали, додека во сите останати, филмот ќе биде прикажан на 8 јануари 2016.

Приказната се одвива во зима во Вајоминг, десет години по граѓанската војна, а во главна улога се јавува Семјуел Л. Џексон, Тим Рот, Курт Расел, Џенифер Џејсон Леи.

Судејќи според трејлерот, сето онаа што го очекуваме од Квентин е содржано и во неговото најново остварување.