Објавен е јавен повик за зимски одмор на деца од ранливи категории

Сподели со своите пријатели
Министерството за труд и социјална работа денес го објави јавниот повик за аплицирање на заинтересираните ранливи категории деца за користење на бесплатен зимски одмор во Крушево.

Loading...

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес-конференција истакна дека Владата овој проект го спроведува од 2012 година и досега на бесплатен одмор биле вкупно 11.000 деца во социјален ризик. Од нив 3.000 користеле зимски, а останатите летен бесплатен одмор.

– Ова е еден од проектите кои што им помага на оние семејства кои што можеби немаат доволно средства да им обезбедат на нивните деца бесплатен летен и зимски одмор, при што ние како Министерство и како Влада им го овозможуваме, истакна Спасов.

Тој додаде дека на бесплатно зимување може да заминат деца од петто до деветто одделение, кои доаѓаат од семејства корисници на социјална и постојана парична помош, децата со пречки во развојот, како и децата без родители и родителска грижа.

Право на бесплатен зимски одмор во траење од шест дена вклучува пет полни пансиони со соодветни едукативни и рекреативни спортски и забавни активности за време на периодот на користење на бесплатниот зимски одмор.

Фото: Билд.мк