Обилните дождови го затворија локалниот пат Ропаљце – Никуштак

Сподели со своите пријатели

Како што информира АМСМ, од вчера, а поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат од село Ропаљце кон село Никуштак во општина Липково е во прекин, без информации кога се очекува патот да биде пуштен во повторна употреба.

Loading...

Затворена за сообраќај денеска ќе биде и обиколницата околу Скопје поради снимањето на францускиот филм на продукциската куќа “CHIC FILMS” и „МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА“.

Сообраќајот на сите државни патишта  се одвива по влажни коловози, информираат од АМСМ.