Обилни врнежи од дожд, локално и во форма на невреме

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта и утринава е облачно и со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови.

Loading...

Дуваше умерен до засилен ветер од јужен правец, во Штип со брзна над 70 км/час.

Во текот на денот времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, во источните делови на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м 2 ), локално во и форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Температурата ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и максимална температура од 12 степени.

Leave a Reply