Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд и ретки грмежи, пообилни во западните и јужните делови, каде се очекува да наврнат нови 40-тина литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, само на исток ќе дува југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 17 до 24° С.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време и обилни врнежи од дожд, кои ќе донесат и намалување на температурата за 10 степени, односно истата ќе изнесува само 18 степени целзиусови. Во вечерните часови истата ќе се спушти до 13 степени и дождот и натаму ќе биде присутен, но проследен и со грмотевици.
Утре ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Поголеми количини на воден талог ќе има во западните и јужните делови од земјата.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно, врнежливо, а во попладенвните часови повремено и нестабилно време.