Обид за шверц на дигалка на граничниот премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани кипер-корпа, делови за трактори и велосипеди, девизи, облека, репроматеријали за текстилна индустрија, фотоапарати и опрема, производи за прехранбена индустрија и семки од марихуана.

На граничниот премин Табановце била откриена една дигалка марка FOX HUNTER, откриена при контрола на англиски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Дигалката била сокриена под неколку торби и куфери, во багажниот простор. Истата била привремено задржана, а против возачот  поведена соодветна постапка.