ОАЗА НА ЛУКСУЗОТ: Првиот пловечки ресорт пристигнува во 2023 година (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Првото пловечко одморалиште „Sea Palace“ пристигнува во 2023 година.

Loading...

Познатиот синџир на хотел Кемпински, планира да ги отвори вратите во 2023 година. Во Дубаи се гради неверојатна оаза, која ќе нуди услуга од соништата.

Проектот го спроведува компанијата Seagate Shipyard, а вклучува централна платформа (мегахотел со 154 соби) и 12 посебни двокатни вили!

 

 

Пирамида како лак

Луксузниот хотел се состои од четири дела, поврзани со огромна стаклена пирамида. Тоа е еден вид пристаниште, во кое клиентите ќе можат да пловат директно со јахта.

Loading...

Главниот објект (со пет ѕвезди) ќе ги исполни желбите и на најпребирливите гости, а има спа центар, базени, ресторани, барови и секако хелиодром.

Споменатите пловечки вили може да се одвојат од пристаништето и да пловат до отворено море, со брзина од 11 km/h, доколку сакаат поголема приватност. Ќе има пет спални соби, базен и огромни панорамски прозорци.

Кемпински не го објави ценовникот за оазата на луксузот, но јасно е дека нема да биде достапен за секого.