NYT: Ким Џонг-ун ќе оди во Русија овој месец, ќе се сретне со Путин

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун планира да ја посети Русија во септември за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за продажба на оружје за војната во Украина, објави во понеделникот Њујорк Тајмс, цитирајќи американски и сојузнички извори.

Loading...

Ким ќе отпатува од Пјонгјанг, веројатно со оклопен воз, до Владивосток, на рускиот брег на Тихиот Океан, каде ќе се сретне со Путин, пишува весникот.

Белата куќа не одговори на барањето за коментар.

Посетата доаѓа во време кога Русија разговара за одржување заеднички воени вежби со Северна Кореја и откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се обиде за време на посетата на Северна Кореја да го убеди Пјонгјанг да и продаде артилериска муниција на Русија.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби на 30 август изјави дека САД се загрижени поради тоа што преговорите за продажба на оружје меѓу Русија и Северна Кореја активно напредуваат.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.