NYT: Америка ги информираше европските сојузници и Конгресот за руските нуклеарни капацитети

Сподели со своите пријатели

Америка го информираше Конгресот и нејзините европски сојузници за новите разузнавачки информации за руските нуклеарни капацитети кои би можеле да претставуваат меѓународна закана, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани официјални лица.

Повикувајќи се на сегашен и поранешен американски функционер, весникот објави дека новите разузнавачки информации се поврзани со обидите на Русија да развие антисателитско нуклеарно оружје базирано на вселената, објави Ројтерс.

Сегашни и поранешни функционери изјавија дека нуклеарното оружје не е во орбитата и дека во моментов не претставува закана за Америка, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коњак стар 113 години, мени на француски и 1.500 прибори за јадење: Кралски банкет во чест на Трамп