НУАЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Глобланото затоплување ги загрозува птиците

Сподели со своите пријатели

Научниците откриваат дека порастот на температурите може да доведе до намалување на телата на птиците, што активира загрижувачки прашања врзани за здравјето на овие животни на планетата која се загрева.

На земјата некогаш шетале џиновски пингвини

Loading...

Новата студија која ја спровел австралискиот истражувачки тим, неодамна е објавена во едно списание, а покажала дека изложувањето на прекумерна температура може да има силно влијание на големината на телото на птиците за разлика од студеното време.

Истражувачите ловеле и мереле околу 40 врабци на секоја локација во Австралија и Нов Зеланд и заклучиле дека единките обично се помали на места каде летата се топли за разлика од местата каде има екстремен студ.

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Го започнавме шестото масовно изумирање на Земјата

Птиците кои се изведени на топли места растат во помали примероци и такви остануваат во текот на животот, иако во межувреме доживуваат и студени зими, покажала студијата.

– Ова би можело да биде адаптивен одговор, а животните би можеле подобро да се соочат со условите кои се менуваат, рекол Сајмон Грифит, еден од авторите на студијата.

Алкохолот го измислиле животните, а не луѓето (видео)

– Доколку овие промени во величината се важен дел од прилагодувањето на се поголеми температури, тогаш птиците кои не ја менуваат својата големина се загрозени и почувствителни, предупредува докторантот Самјуел Ендру, автор лидер на студијата.