Новооткриени фосили покажуваат дека луѓето много претходно пристигнале од Африка

Сподели со своите пријатели

Археолозите во Израел откриле најстари фосили на модерниот човек надвор од Африка. Фосилите сугерираат дека луѓето прв пат мигрирале надвор од афичкиот континент многу претходно од што се претпоставувало.

Откритие кое ги шокираше и научниците: Пронајден фосил од џиновски лилјак

Loading...

Научниците вршеле истражувања во пештерата Мислија, на падините на планината Кармел во северниот дел на Израел.

– Пештерата е една од неколкуте кои ја користеле праисториските луѓе. Таа е срушена, но пред тоа луѓето живееле во неа, вели Мина Вајнштајн – Еврон од Институтот за аерхологија на Универзитетот во Хаифи.

На фосил стар 530 милиони години пронајдено најстарото око

Во пештерата се живеело неколку стотици илјади години. Сите археолошки наоѓалишта сугерираат дека древните луѓе кои живееле во пештерата биле ловци – собирачи.

– Ловеле животни, најголем дел цицачи, како елени, газели и други помали животни. Правеле огништа ширум планетата, повторно и повторно на исти места, објаснила Вајштајн Еврон.

 

 

Правеле свои камени алатки коритејќи ја техниката наречена како „левалоис“ која потекнува од Африка пред најмалку 300.000 години и која била позната на луѓето и неандерталците.

Вајнштајнт-Еврон вели дека таа и нејзиниот тим сакале да утврдат на кој вид припаѓале луѓето кои живееле во пештерата, а меѓу бројните коски и алатки пронашле вилична коска.

Фосили стари 2 милијарди години откриени во Индија

Тоа бил горниот дел од вилицата, со дел од носната шуплина и јагодици.

– Забите во вилицата останале цели. Пронајдовне предници, задници, очници и горни секачи, вели Израел Хершковиц, палеонтолог од Универзитетот во Тел Авив.

Октирен костур на диносаурус стар 66 милиони години (видео)

Деталната анализа на вилицата и забите потврдила дека навистина фосилот припаѓал на хомосапиенс. Се испоставило дека е стар помеѓу 177.000 и 194.000 години, што го прави најстар познат фосил пронајден надвор од Африка.

На следната страна читајте за теоријата која тврди дека Балканот е колевката на цивилизацијата


Pages: 1 2

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.