Новогодишната ноќ во Куманово помина мирно и без инциденти

Сподели со своите пријатели

Лекарите и полицијата останаа без работа во текот на новогодишната ноќ, а кумановци станаа пример како треба да се прославува дочекот на новата година.

На Интерното одделение при Општа болница – Куманово, во текот на ноќта биле примени само двајца 19-годишници поради прекумерна употреба од алкохол.

Во текот на новогодишната ноќ имаше две интоксикации, двајцата родени во 1996 година, на кои им е пружена соодветна помош и се пуштени на домашно лекување, а останатите интервенции се во рамките на вообичаените потреби на пациентите – вели Љупка Стојчевска, главна сестра на Интерно одделение.

На хирушкото одделение биле примени две млади лица кои физички се пресметувале во локален ресторан за време на пречекот на новата година.

Истите имале мали повреди во пределот на главата, нанесени највероајтно при удар од стаклено шише – информираше Агрон Алиу, специјализант по абдоменална хирургија.

Од Секторот за внатрешни работи информираа дека немаат пријавено или регистрирано никакви инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир и констатираа дека новогодишната ноќ измина мирно.

Дека кумановци се однесувале добро велат и од дежурната служба во Итната медицинска помош, каде немаат регистрирано никакви интервенции, ниту примено пациенти надвор од вообиачаеното.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.