Канадски тим откри необични радио сигнали кои доаѓаат од галаксија оддалечена 500 милиони светлосни години.
Мистериозните вселенски радио сигнали, кои се повторуваат на секои 16 дена, ги збунија научниците.
Зошто светските сили се тркаат за експлоатирање на вселената?
Кратките радио сигнали беа откриени од истражувачи од канадската колаборација (CHIME / FRB) и беа набљудувани од 16.09.2018 до 30 октомври 2019 година.
Откриле дека радио брановите, чиј единствен извор е оддалечен околу половина милијарда светлосни години од Земјата, се појавуваат на секои 16,35 дена.
Месечината мириса на барут, а вселената?
Во период од четири дена, тие се појавуваат на секои два часа, а потоа застануваат 12 дена, па се од почеток.
Научниците се надеваат дека следејќи ги овие мистериозни сигнали, ќе можат да разберат како се формираат.
Досега тие успеаја да го пронајдат изворот и да откријат дека сите тие потекнуваат од различни места во голема спирална галаксија оддалечена 500 милиони светлосни години.
Сепак, стапката на повторување на сигналот дополнително ги збунува научниците.
„Откривањето на повторувањето на радио сигналите на секои 16,35 дена е важен доказ за природата на непознатиот објект“, пишува студијата.
Друг тим на научници смета дека сигналите би можеле да ги испраќа неутронска ѕвезда.