Ново намалување на цените на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ нафтените деривати ќе се продаваат по нова поевтина цена, односно бензините ќе поефтинат за половина, а дизелот за еден денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Така според новите цени ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63 денари.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 31,5 денари за литар. Нова ќе биде и цената на мазутот М-1 НС, која се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар, како и курсот на денарот  во однос на доларот во изминатите 14 дена.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.