Ново истражување на ДНК открива кој прв ја населил Америка

Сподели со своите пријатели

Повторно е актуелно прашањето која нација прва го населила американскиот континент.

Loading...

Споредувајќи ДНК на античките и модерните жители од различни делови на светот, научниците докажаа дека Америка ја „откриле“ жителите на Бајкал. Викинзите и Полинезијците дошле подоцна.

Одамна е познато дека луѓето од Сибир се преселиле во Северна Америка за време на последното ледено доба. Остатоци од културата Кловис, стара 13,5 илјади години, се пронајдени на југот на континентот. До неодамна, научниците не знаеја колку миграции имаlo и дали некој друг живеел на таа територија до појавувањето на источните Азијци.

Научниците предводени од Еска Вилерслев од Универзитетот во Копенхаген ја набљудувале ДНК и заклучиле дека имало само еден бран миграции од Сибир. Луѓето се појавиле на територијата на денешниот Берингов мореуз пред 23 000 години, поминале скоро 8000 години во целосна изолација и потоа тргнале да ја освојат Северна Америка.

Заклучиле дека ДНК од заб, кој е пронајден на југот на Бајкал, припаѓал на најблискиот „роднина“  на Американецот кој живеел пред 14 000 години.

Колумбија – Полинезија

Во 1947 година, Норвежанецот Тур Хејердахл пловел на сплав на перуанските Индијанци, наречен „Кон-Тики“ во Тихиот океан. Патувањето траело 100 дена и завршило во архипелагот Туамот.

На овој начин, тие сакале да докажат дека Полинејците се потомци на домородните Американци. Сепак, тоа не е точно. Античката татковина на полинезијците се острови на Југоисточна Азија. Тие подоцна биле во контакт со жителите на Јужна Америка.

Loading...

Оваа теорија беше поддржана и од генетичарот Александар Јоонидис од универзитетот Стенфорд. Тој објасни дека има нешто заедничко во гените на современото население од 17 острови и претставниците на 15 домородни племиња од Јужна Америка.

 

 

Прашањето е каде и кога се сретнале, со оглед дека Јужна Америка и Полинезија се поделени so океанот. Полинезијците се добри морнари, постои можност дека во 11 век успеале да дојдат на бреговите на Јужна Америка на нивните импровизирани и примитивни бродови. На тој начин, тие ја донеле таа култура и потомство од мешани бракови.

Наспроти тоа, нема докази дека домородните Американци користеле рафтови за долги патувања. Генетичарот Јодинис смета дека постои можност Полинезијците да дошле на островите Маркасас и да пронашле имигранти од Јужна Америка, поточно денешна Колумбија. Генетското истражување ќе покаже која хипотеза е поточна.

Истражување во Америка

Според легендата, брод со Викинзите пловел од Гренланд кон запад, кои слетале на полуостровот Лабрадор и денешниот канадски Њуфаундленд.

Loading...

Меѓу домородните племиња, дури и во времето на Колумбо, постоеле легенди за кралството на белите луѓе, но археолозите откриле докази само во 60-тите години на 20 век во местото на Ленс Медоус.

Неодамна, научници од Канада и Велика Британија проучувале тресет недалеку од археолошкиот локалитет и биле изненадени кога ги виделе остатоците од периодот на Викинзите.

Тие претпоставуваат дека гостите од Гренланд биле периодично таму неколку векови. Ако ова е точно, вреди да се чекаат новите генетски откритија.

Leave a Reply