Првпат слушнавме за Fresco, норвешки стартап кој развива електрични возила (EV), во 2019 година кога го покажа дизајнот за новиот електричен седан Fresco Reverie.
Тоа беше и последен пат кога слушнавме нешто за стартапот до неодамна кога објавија нов дизајн за електрично возило кое ветува автономија од 1.000 километри со едно полнење.
Наречен Fresco XL, тоа е тип на кросовер/транспортно возило што може да превезува до 8 луѓе и чија батерија е структурна компонента.
Не е кажано колку батеријата ќе обезбеди опсег од 1.000 километри, но од компанијата велат дека возилото ќе има два мотори, по еден за секоја оска и ќе биде дизајнирано за употреба во поостри климатски услови (како Норвешка).
Исто така, ќе можете да ги преклопите сите седишта и да ја користите внатрешноста на возилото како кампер.