Новите iPHONE 6Ѕ и iPHONE 6S Plus на пазарот за 10 дена

Сподели со своите пријатели

За помалку од две седмици ќе бидат претставени двата нови iPhone телефони, 6Ѕ и 6Ѕ Plus, а ќе имаат нов ревулционерен екран и уште неколку карактеристики шти ни еден iPhone ги немал до сега.

Loading...

Apple ќе ги претстави новите модели на 9 септември, а како се приближува тој ден, на интернет се повеќе се појавуваат информации кои откриваат што би можеле да имаат новите модели. Според најновите информации, новите iPhone модели ќе имаат камера од 12 мегапиксели, наместо досегашните 8 мегапиксели, но и подобар процесор, повеќе RAM меморија и екран кој го нема ниту еден телефон.

Промената во резолуцијата на камерата нема да има големо влијание во подобриот квалитет на фотографиите, но ќе овозможи снимање на 4К видео. Предната камера исто така ќе биде доста подобрена и ќе има можност на правење селфи и ноќно време.

Покрај камерите, Apple ја претстави и новата Force Touch технологија на екранот, кој ќе овозможи дисплејот да го детектира притисокот, односно јачината со која се притиска на него. Оваа функција веќе постои на Apple Watch и овозможува голем број на функции.

Исто така се шпекулира дека Iphone 6S и 6S Plus ќе имаат 2GB RAM меморија, тоа е дупло од досегашниот актуелен модел, како иновиот А9 процесор кој би требало да овозможи до 30% подобри перформанси.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.